АНКАРА (AA) – Парламентот на Турција денеска во рамките на претходен Договор помеѓу Турција и Катар го усвои нацрт законот кој овозможува распоредување на турските сили во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Фото:Архива
Инаку, Договорот помеѓу двете земји за распоредување на турските сили на подрачјето на Катар е потпишан на 28 април 2016. година.
Целта на усвоениот закон е да даде придонес на модернизацијата на воените структури на Катар во рамките на меѓународното право како и интензивирање на соработката во областа на воената обука и образованието.
Исто така, законот предвидува дополнителен развој на вооружените сили на Катар со посредство на заеднички вежби, обука и образование, како и зголемување на интероперабилноста и координација на двете земји со цел придонес на мирот во регионот и во светот.
Се наведува дека главна цел е со заеднички обуки и вежби да се развијат одбрамбени можности на Катар.
По усвојувањето, нацртот на законот треба да го потврди претседателот на Републиката, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.