erdogan-katar-a-destegimiz-surecek-burada_9701073_7040_z7

ЕРДОГАН: Турција не одобрува санкции за Катар

Турскиот претседател вчера изразил негодување на санкциите против Катар откако неколку арапски држави ги прекинаа дипломатските односи со Доха.

“Сакам јасно да порачам дека ние не одобруваме санкции за Катар“, истакнал Реџеп Таип Ердоган.

“Исто така сакам да кажам дека сметаме санкциите кои му се наметнати на Катар не се во ред. Овој случај кој доаѓа во време кога многу одповеќе ние е потребна соработката и солидарноста, не е корисен ниту за една земја, а посебно не за земјите на нашиов регион“, истакнал Ердоган во текот на традиционалниот ифтар на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во главниот град Анкара.

Катар изјавива дека ’неоснованите’  тврдењата дека го подржува тероризмот се користат како би се извалкала сликата на единството на земјите од Заливот. Според претседателските извори, Ердоган телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Индонезија Јоко Видодо, малезискиот премиер Неџиб Тун Абдуррезак, кралот на Бахреин Хамед бин Иса ел-Халифа, јорданскиот крал Абдулах 2-ри и либанскиот премиер Сад Харири.

А пред тоа тој телефонски разговарал и со емирот на Катар, Тамим бин Хамед Ал Сани, рускиот претседател Владимир Путин, кувајтскиот емир Сабах ел-Ахмед ел-Џабир ес-Сабах и кралот на Саудиска Арабија Селман бин Абдулазиз ес- Сауд. Ердоган на лидерите им истакнал дека регионалните проблеми треба да се решаваат преку дијалог.

Доколку биде потребно, Турција е подготвена да направи што и да било, изјавил Ердоган.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 7 =

%d bloggers like this: