1000_1496864928srbija_1

(Фото) Потоп во Србија: Незапаметено невреме поплави села во Србија, има мртви и повредени

Една жена настрадала од последици на невремето кое вчера попладне го погоди Вршац и околината, изјавила за Тањуг началничката на Итната помош во Вршац др. Викторија Нистор Оморан.

1000_1496865608srbija_5

Според нејзините зборови, моментално ситуацијата е под контрола и нема повредени, а Итната помош, Жандармеријата и Црвениот крст се наоѓаат на терен.

Заради сериозните падавини кои се случиле во попладневните часови а ја зафати околината на Вршац, поплавени се десетина куќи во местата Уљма и Шушаре, како и локалниот пат помеѓу овие две места, а биле евакуирани повеќе од 100 лица, јавува РТС.

Дождот започнал да паѓа во текот на попладневните часови и за само десет минути формирал потови на улиците, а водата продрела и во повеќе домаќинства во местото Уљма.

На терен излегле и припадниците на противпожарните-спасувачки екипи на Вршац, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ упатил и припадници на Жандармеријата во поплавените места, со што во најкраток рок да им се обезбеди помош на населението.

Низ социјалните мрежи објавени се фотографии и информации за мртви и повредени иако истото засега не е потврдено од страна на МВР-Србија.

1000_1496864928srbija_1 1000_1496865592srbija_2 1000_1496865607srbija_3 1000_1496865608srbija_4




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − 3 =

%d bloggers like this: