mapa

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Граѓанска иницијатива на Подгорчани- ПРОЕКТ – ВОДАТА ЗНАЧИ ЖИВОТ

Почитувани, ве информираме дека група на наши ентузијасти во соработка со советот на Месната самоуправа Подгорци изготвија проект наречен ВОДАТА ЗНАЧИ ЖИВОТ.

Имено се работи за “оживување” на реката која порано течеше низ подгоречата планина која што поради проектот за водоснабдување на населбата со вода за пиење и за наводнување на посевите на подгоречкото поле истата беше оневозможена да тече по нејзиното корито поради споменатитот приоритет за подобро утре во нашето населено место.

mapa

Проектот опфаќа две фази на реализација.

Првиот е канализирање долж природниот тек на нејзиното корито со помош на железни буриња пластифицирани од двете страни кои ќе бидат преполовени на половина и истите ќе бидат поставувани едно до друго зафатени со штрафови и на одреден број на буриња дополнително процврстување со железни клинови и жица како и со странично засипување со земја и камења.

18954925_1542940782403763_648338239313270896_o

Вториот се состои од прибирање на водата која што истекува под браната на подгоречко езеро и истата да се спроведе во системот како не би имале проблем со сушните месеци за водоснабдување на нивите на подгоречко поле, при што кога се користи таа вода да може браната да акумилира поголема количина на вода.

Со реализацијата на овој проект би се вратил животот и стариот жубор на реката на нашата прекрасна планина при што со истото тоа се прави и еден благодет кон животинскиот свет, така што првата фаза на проектот опфаќа канализирањето да стигне до бачилата со претходно формиран и еден водопад према конфигурацијата на теренот и би се решил проблемот околу водоснабдувањето.

Иницијативниот одбор ве информира дека после неколку состаноци и средби дека на 08.06.2017 год. се започна со прибирање на средства на принцип на доброволна основа кај лицето Максутоски Асим.

Освен тоа ќе има потреба и од волонтери за работна рака околу реализацијата на овој наш подгоречки проект кои ќе можат да се пријавуваат кај истото лице поради добра организација.

Околу детали за отпочнување на акцијата дополнително ќе бидете известувани во текот на наредните денови.

Упатуваме апел за што помасовно учество во реализација на проектот бидејќи ако сме сложни, сплотени и добронамерни можеме многу да постигнеме и направиме.

Со почит, иницијативен одбор и Совет на месна самоуправа Подгорци

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × four =

%d bloggers like this: