20170608_2_24123904_22959222_Web (Copy)

(Фото) Бомбашки напад врз амбасадата на САД во Украина

КИЕВ (АА) – Во Киев, главниот град на Украина, изведен е бомбашки напад врз кампусот на американската амбасада, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата соопшти дека експлозијата во кампусот се случила по полноќ, а нападот го извршило засега непознато лице, фрлајќи ја бомбата во кампусот.

Портпаролката на полицијата, Оксана Блишчик, преку профилот на социјалната мрежа даде објаснување за настанот, кој го окарактеризира како „терористички акт“.

Портпаролката Блишчик истакна дека во нападот нема загинати ниту повредени.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи изјави дека Украинската служба за безбедност (СБУ) соработува со членовите за безбедност на амбасадата на САД, испитувајќи ги видео-снимките со цел да биде пронајдено лицето кое ја фрлило бомбата.

20170608_2_24123904_22959222_Web (Copy)  20170608_2_24123904_22959227_Web (Copy) 20170608_2_24123904_22959233_Web (Copy) 20170608_2_24123904_22959266_Web (Copy) 20170608_2_24123904_22959276_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + 1 =

%d bloggers like this: