20170608_2_24125527_22961491_Web

Мјанмар: Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион и телата на три лица

ЈАНГОН (АА) – Во Андаманското Море се пронајдени остатоци од воениот транспортен авион којшто превезуваше 120 лица, а вчера исчезна од радарот во Мјанмар. Пронајдени се и телата на најмалку три лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на војската, генерал Мат Мин Оо, потврди дека војската за време на потрагата во Андаманското Море пронашла тела на неколкумина патници од авионот што леташе на релација Мјеик-Јангон. Тој наведе дека исто така е пронајдено едно тркало и еден дел од трупот на транспортниот авион.

Генерал Мат Мин Оо истакна дека во близина на брегот кај јужниот мјанмарски град Лаунг Лоне, пронајдени се тела на тројца патници, а се работи за маж, жена и дете.

Авионот од кинеско производство од типот „Y-8“, со турбопропелерски мотор, исчезна вчера, половина час по полетувањето од градот Мјеик. Во авионот се наоѓале 106 лица, поголемиот дел семејства на војници, и уште 14 членови на екипажот. Во тек е потрагата по останатите патници, во која се вклучени девет воени бродови, пет воени авиони и три хеликоптери.

Регионот во кој падна авионот е на 700 километри северно од локацијата каде што на 8 март 2014 година од радарот исчезна патнички авион на „Malaysia Airlines“ (Малезија ерлајнс) на летот за Пекинг.

Остатоците од авионот сѐ уште не се пронајдени, а се претпоставува дека паднал во јужниот дел на Индискиот Океан.

20170608_2_24125527_22961483_Web (Copy) 20170608_2_24125527_22961484_Web (Copy) 20170608_2_24125527_22961490_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − one =

%d bloggers like this: