1280x960

Москва: Министерот за надворешени работи на Катар в сабота на средба во Русија

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во сабота во Москва ќе се сретне со својот катарски колега, шеикот Мухамед бин Јасим Бин Абдурахман Ал-Тани, пренесува Anadolu Agency (AA).

Руската новинска агенција РИА-Новости објави, повикувајќи се на извор во руското Министерство за одбрана, дека Ал-Тани во сабота ќе ја посети Москва и ќе се сретне со Лавров.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да организира прием за Ал-Тани.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Бахреин, Египет и Јемен во понеделникот соопшти дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот и поддршка на тероризмот.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги затворија своите воздушни простори за Катар, а односите со таа земја ги блокираа и Малдиви и Мавританија. Јордан во вторникот ноќта соопшти дека ги блокирал дипломатските односи со Катар.

Лавров претходно изјави дка кризата меѓу Катар и одредени арапски држави треба да се реши преку дијалог и со преговори.

Песков истакнува дека Русија не се меша во внатрешните работи на други земји и дека го поддрува решавањето на проблемите по мирен пат.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 15

%d bloggers like this: