imagess3-468

(Видео) OAE: Продолжува акцијата на поделување на бесплатни ифтар пакети.

Имајќи го во предвид текот на мубарек месец Рамазан, властите во Емиратите на секако начин се обидуваат да допринесат овие рамазански денови да поминат како што му доликува на овој месец и укажат на неговата вредност.

imagess3-468

Досега властите на ова држава имаат превземено голем број на активности и промени кои карактеристични се за овој месец на пост, пред се тргнувајќи од скратување на работното време на 2-часа, со што на сите оние кои постат би им било олеснето полесно да ги поминуваат работните денови и се разбира сите активности кои се побаруваат во овој месец, (намаз, ифтар, суфур).

imagess3-467

Покрај тоа во текот на овој месец се организираат и голем број на хуманитарни активности како и одржување на бесплатни рамазански ифтари кои се одржуваат ширум целиот емират.

Една од последните активности која вчера беше презентирана е онаа во организација на компанијата РТА ( компанија која е задолжена за одржување, планирање и развој на сообраќајот во Емиратите), како и Банката за храна на ОАЕ, ( банка која обезбедува бесплатна храна и после месец рамазан за сите оние кои не можат да си дозволат храна во одредени моменти).

356364133

Во ова последна активност по пат начленови и вработени во РТА и Банката за храна во ОАЕ во сите метроа и автобуски станици доделувани се бесплатни ифтари. Неофицијално се дознава дека од вчерашниот ден поделени се преку 4.000 бесплатни ифтари.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + one =

%d bloggers like this: