most

МОСТ организира обука за застапување и истражувачко новинарство во Струга

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот „Медиа платформа за застапување“, организира серија на обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и новинари.

– Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните. Обуките ќе траат 4 дена, а до сега беа одржани обуки во 4 плански региони, и тоа: Вардарски, Североисточен, Полошки и Скопски регион, информираат организаторите.

Следната обука ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга од 16-ти до 19-ти јуни 2017, а се однесува на организации и медиуми/новинари од југозападниот плански регион. Краен рок за пријавување на сите заинтересирани е 12-ти јуни 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + = 13

%d bloggers like this: