bahrein

Бахреин: Затворска казна до пет години за оние што го поддржуваат Катар

МАНАМА (АА) – По Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), исто така и Бахреин соопшти дека ќе бидат казнети со 5 години затвор оние што ќе го поддржат Катар, јавува Anadolu Agency (AA)

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бахреин се наведува дека оние што писмено, усно или во каков било вид на објава го поддржуваат Катар, ќе добијат парична казна, како и казна од 5 години затвор.

Исто така, Обединетите Арапски Емирати претходно соопштија дека оние што ќе ја изразат својата поддршка за Катар ќе добијат парична казна не помалку од 136.000 долари или затворска казна од 3 до 15 години.

- Дипломатската криза на Заливот

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Бахреин, Египет и Јемен во понеделникот соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар. Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги затворија своите воздушни простори за Катар, и наредија катарските дипломати да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Исто така, Саудиска Арабија ја затвори единствената копнена граница на Катар.

Во дипломатската блокада на Катар се вклучија и Малдивите, Либија, Мавританија и Коморските Острови. Јордан во вторникот ноќта соопшти дека ги блокирал дипломатските односи со Катар, и дека ја затвора локалната канцеларија на „Al Jezeera“ (Ал Џезира), чие седиште е во Катар.

Катар којшто е под дипломатска блокада, ги отфли обвинувањата и соопшти дека е изложен на една целосна измислена „кампања на клевети“ чија цел е да ѝ наштети државата.

Со цел да се надмине кризата во регинот, кувајтскиот емир Сабах ал-Ахмед ал-Џабир ес-Сабах применува шатл-дипломатија во овој регион, а од меѓународната заедница беа упатени апели за надминување на кризата.

Американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, предложил состанок во Белата куќа и помош за да се реши кризата. Од друга страна, катарскиот миистер за надворешни работи соопшти дека катарскиот емир Тамин нема да ја напушти неговата земја додека таа е под блокада.

Неколку часа по средбата на кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Aл Халифе, со претседателот на Египет, Абдулфетах eс-Сиси во Каиро, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет објавија заедничко соопштение, во коешто се тврди дека 59 лица и 12 хуманитарни здруженија во Катар се поврзани со тероризам.

Според соопштеното, министерот за надворешни работи на Катар, шеик Мухамед бин Абдурахман Aл Сани утре ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Москва.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 6 = ten

%d bloggers like this: