erdoganp

Ердоган го одобри Законот за распоредување турски војници во Катар

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одобри законот со кој се овозможува распоредување на турски војници во Катар, по што законот беше објавен и во Службен весник, јавува Anadolu Agency (AA).

Како дел од претходен договор меѓу Турција и Катар, Парламентот на Турција на 7 јуни го усвои Законот со кој овозможува распоредување на турските војници во Катар.

Инаку, договорот меѓу двете земји за распоредување на турски војници на територијата на Катар беше потпишан на 28 април 2016 година.

Целта на усвоениот закон е придонес кон модернизација на воената структура на Катар, во рамките на меѓународното право, како и интензивирање на соработката во областа на воената обука и образованието.

Исто така, законот предвидува понатамошен развој на вооружените сили на Катар преку заеднички вежби, обука и образование, како и зголемување на интероперабилноста и координацијата меѓу двете земји, со цел да се придонесе за мирот во регионот и во светот.

Се наведува дека главна цел е со заедничката обука и со вежбите да се развијат одбранбените можности на Катар.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + five =

%d bloggers like this: