katar

(Фото/Видео) Во Катар нема голем одраз на кризата: Улиците на Доха преполни, не недостасуваат основните намирници

ДОХА (АА) – Иако неколку арапски земји предводени од Саудиска Арабија воведоа економско и политичко ембарго кон Катар, тоа не се одрази на рамазанската атмосфера во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

20170609_2_24148928_23000047_Web (Copy)

Улиците, урбаните градини и трговските центри во главниот град Доха, во времето по ифтар се преполни со граѓани.

По ифтарот, едно од најпосетените места во Доха е шарениот пазар, Суг Вакиф, познат по зачините, парфемите и свилите.

Новинарите на АА потврдија дека не се точни наводите на одредени медиуми, кои ден откако дојде до дипломатската криза, објавија дека жителите на Катар се упатиле кон маркетите и дека полиците во маркетите се речиси празни.

Вработените во маркетите во Доха изјавија дека првиот ден од дипломатската криза предизвикал шок кај граѓаните, но сето тоа е надминато и состојбата е вратена во нормала.

Тие порачаа дека граѓаните не гледаат никаква причина за купување на поголеми количини храна.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Египет, Бахреин и Јемен во понеделникот соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, земја која ја обвинуваат за дестабилизација на регионот.

Саудиска Арабија, ОАР и Бахреин го затворија својот воздушен простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ја напуштат земјата во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатските односи со Катар.

20170609_2_24148928_23000030_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000031_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000032_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000033_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000034_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000035_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000037_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000038_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000039_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000040_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000041_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000042_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000043_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000044_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000045_Web (Copy) 20170609_2_24148928_23000046_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × = 18

%d bloggers like this: