IMG_8156 (Copy)

Стружани утре (10.06.2017г.) повторно на протест за чист воздух

Со протестен марш, стружани утре повторно ќе го кренат гласот против дивата депонија и ќе бараат чист воздух.

По протестот од пред два дена, од Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, најавија нов, кој ќе се одржи од 11 часот.

– Со ова ќе го продолжиме притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение, како и дислокација на депонијата, велат од Здружението и се надеваат на брзо и ефикасно решавање на проблемот. (Крај)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− nine = 0

%d bloggers like this: