sheikh-tamim-edited-930x300

Емириот на Катар го одби посредувањето на Американскиот претседател Трамп

Висок катарски функционер денес за агенцијата Ројтерс истакнал дека емирот на Катар шехј Тамим бин.Хамад Ал Сани нема да ја прифати поканата на американскиот претседател да отпатува за САД како би разговарале за кризата во Заливот.

Представник кој сакал да остане анонимен, соопшти дека “Емирот на Катар нема во план да ја напушти земјата додека таа е под опсада од страна на нејзините соседи“.

Катарскиот министер за надворешни работи Мухаммед бин Абдуррахма денес соопшти дека Катар го отфрла секој облик на меѓање во неговата надворешна политика. Тој ја отфрлил можноста од воено решавање на проблемот, негирајќи дека Катар упатил зајакнати сили на границата со Саудиска Арабија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во послепладневните часови во телефонски разговор со емирот на Катар му понудил да посредува во решавањето на дипломатската криза која избувнала на релација на некои заливски и арапски земји и Катар.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × = 48

%d bloggers like this: