erdogan

Ердоган за кризата во Заливот: Нема победник во расправија помеѓу браќа

ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето по ифтарот одржан во организација на огранокот на АК Партијата на градот Истанбул, во врска со кризата помеѓу некои арапски земји и Катар, истакна дека не е исправно да се предизвика нова напнатост во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

„Со жалост морам да кажам дека зголемените тензиите помеѓу братските земји во Заливот во последните денови ја намалија радоста на рамазанот на сите муслимани. Погрешно е сега да се појави и нов проблем во моментите кога исламскиот свет веќе се соочува со многу проблеми и потешкотии. Никако не е исправно во овој регион кога се мешаат валкани сметки, енергијата ја трошиме на внатрешни проблеми и така да ги трошиме нашите ограничени ресурси. Затоа им порачувам на браќата во Заливот, лидерите и народот во Заливот, дека нема победник во расправија помеѓу браќа, со клевети не може да се стаса никаде. Страната која ќе победи во оваа расправија се оние кои се хранат со нестабилност, тензии, крв и солзи на нашиот регион”, рече Ердоган.

Нагласи дека не е исправно да се придизвикува нова напнатост во регионот.

„Секој ден се појавува некоја нова вест … Здруженијата и фондациите кои во Катар пружаат различни услуги се прогласуваат за терористички организации. Не може тоа така. Мене ми се познати некои од тие фондации. Ги знам. Јас до денеска не видов дека Катар дава поддршка на тероризмот”, порача Ердоган.

Претседателот Ердоган истакна: „Турција нема да им го сврти грбот на браќата во Катар”.

„Што наеднаш се случи со земјите во Заливот, кои се до последните две недели имаа добри односи, па сега пријателите, браќата во Заливот ги прогласуваат за терористичка земја? Невозможно е да се разбере што се случува. Извинете, но ние нема да им го свртиме грбот на браќата во Катар и да ги оставиме на цедило. Ќе продолжиме со поддршката во рамките на нашите одговорности на патот на правдата. Кај нас има една изрека: ‘Не дозволувај поради  тебе маченикот да воздивне, тоа сигурно ќе ти се врати”, рече Ердоган.

На крајот напомена дека на некои им пречи тоа што Турција во таа земја извезува храна, лекови и други производи.

„Знаеме дека некои во Заливот се радуваа кога во Турција беше изведен обидот за пуч. Ако тие имаат разузнавачки агенции, имаме и ние … Сега има и такви на кои им пречи што сме со браќата во Катар, што им доставуваме помош во храна и што во таа земја извезуваме храна, лекови и останати производи. Извинете, но ние на Катар ќе продолжиме да му пружаме секаков облик на поддршка”, порача Ердоган.

Потсетуваме, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Јемен соопштија во понеделник дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 8 = fifty six

%d bloggers like this: