ШО

Индија и Пакистан и официјално примени во полноправно членство на Шангајската Организација

Вчера на самитот на земјите членки на Шангајската организација ( за соработка) која се одржува во казахстанскиот главен град Астана, потврден е полноправниот статус и полниправното членство во ова организација на две големи јужно-азиски држави, Индија и Пакистан.

Индискиот премиер Нерендра Моди во текот на заседавањето на ШО изјавил дека Индија станува членка на ова организација после 12-годишно соработување со статус на посматрач.

“Би сакал да ја изразам својата далбока благодарност на сите држави членки за нашиот прием во статусот на полноправен член“, изјавил премиерот Моди, притоа нагласувајќи, дека индиското членство во ШО ќе овозможи премин на соработката помеѓу двете држави членки на ова Организација на повисоко ниво.
Пакистанскиот премиер Наваз Шариф исто така му се заблагодарил на државите ќленки на ШО “ за постојаната и непроменлива подршка на членството на Пакистан во Органзиацијата“.

Денес шефовоте на државите членки на ШО го усвоија извештајот на главниот секретар на Организацијата и нејзините регионални протитерорисрички структури за 2016 година. Потпишана е конвенција за спротисвтавување на екстремизмот и изјава за борба против тероризмот, а усвоена е и Астанска декларација.

Исо така потпишан е и план за заедничко дејствување на реализацијата на Програмата за соработка на членките на ШО во сферата на туризмот за 2017  и 2018 година.

Со оглед на статусот на Иран не е донесена ниту било каква нова одлука. Инаку, Техеран уште минатата година поднел и официјално барање за полниправно членство во ШО, што тогаш беше подржано од стѕрана на Русија, додека останатите членки биел воздржани. Пред два дена и кинескиот заменик министер за надворешни работи изјави дека Кина е согласна со приемот на Иран во полноправно челнство. Меѓутоа и покрај сето тоа, ова прашање не е ставено на дневен ред на овогодинешниот самит. Поедини аналитичари сметаат дека приемот на Иран во стварност го блокира Саудиска Арабија со посредство на Таџикистан. Меѓутоа, според некои овде станува збор за сосема нешто друго, имено Тџуикистан нема реална сила во внатрешноста на организацијата кога на дневен ред се прашањата од таква важност односно поврзани со приемот на нови членки од рангот и “тежина“ како еден Иран.

Тоа сепак се прашања за чие решение одлуките пред се се усогласуваат и носат двете водечки земји на ШО – Кина и Русија. Претпоставуваме дека во овој момент ниту на Москва ниту на Пекинг не им е во интерес, да “долеваат масло во огнот“ во однос на САД и Западот во целина, кои имаат сопствени геополитички интереси на азискиот простор, од тука понатамошното стеснување на простор за  истите низ официјален прием на Иран засигирно дополнително би ги оптоварило и онака сложените односи на релација Исотк -Запад.

Потсетуваме, Декларацијата за оснивање на Шангајската организација потпишана е во Шангај 2001 година, на кинеско-руска иницијатива, а покрај овие две земји истата ја потпишале и неколку неформални лидери како Казахстан,Узбекистан,Киргистан,и Таџикистан. Во работниот дел на состанокот на ШО кој се однесувал на проширување на Организацијата, како држави посматрачи до денес учествувале Индија,Пакистан,Иран,Белорусија и Монголија) како и дурги шест така нарелени дијалошки партнери – Арменија, Азербеџан, Камбоџа, Непал, Шри Ланка и Турција.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − three =

%d bloggers like this: