каталонија

СЕ ОДВОЈУВААТ ОД ШПАНИЈА? Каталонија најави: Ќе организираме референдум за независност на 1-ви октомври

Иако шпанската влада вети дека ќе направи сё што е во нејзина можност да го спречи долгоочекуваниот и контраверзен референдум за независност на покраината Каталонија, по се изгледа тој навистина ќе се случи, и тоа многу наскоро, токму на 1-ви октомври ова година. Веста за референдумот го потврди и каталонската регионална влада веднаш во петокот, со тоа потикнувајќи уште еднап еден политички и судски судир со Мадрид, пишува The Guardian.

Претседателот на северноисточната покраина Каталонија, Карлес Пуигдемонт, изјавил дека избирачите на референдумот ќе можат да одговорат на прашањето за тоа дали сакаат Каталонија да стане независна република. Сепаратистички ориентираниот Пуигдемонт инсистира богатиот каталонски регион да го оствари своето политичко, економско и културно право на самоопределување.

Кршење на уставот

Меѓутоа на тоа барање се противи шпанската влада тврдејќи дека спроведувањето на референдумот представува кршење на уставот, па од тука заменик премиерот на Шпанија Сораја Саенз де Сантамариа, ја отфрлил веста за датумот за одржување на референдумот како празна закана изјавувајќи дека “ тие можат да објават референдумо онолку колку што сакаат, ама тој нема да се случи“.

Во 2014 година ова покраина и покрај забраната го одржа првото симболично изјаснување за независност на Каталонците. Тогаш  веќе од 80% од испитаниците биле за независност, меѓутоа учествувале дури 2,3 милиони Каталонци од нив вкупно 5,4 милиони со право на глас. Овој пат, меѓутоа каталонската влада тврди дека позитивниот исход ќе биде правно обврзувачки.

Пуигдемонт во минатомесечниот говор во Мадрид изјавил дека неговата влада има “ демократски неповредлива“ оврска спрема референдумот, а притоа и го обвини шпанскиот премиер Маријано Рајо дека не не направил ништо сериозно, искрено или стварно, за да го реши проблемот.

Борба за независност

Шпанскиот уставен суд најавениот референдум од 2014 година го прогласи за незаконски само на пет дена пред истиот да се оддржи, тогашниот каталонски претседател Артур Мас јануари ова година беше прогласен за виновен заради непочитување на пресудата на уставниот суд, при што му е забранета јавна работа на две години. Неговиот наследник Пуигдемонт за медумите изјав дека и тој е подготвен да се соочи со последиците на одлуката за спроведување на референдумот.

Шпанската влада е уверена дека ќе го стопира овој референдум и тоа со повикување на членот 155 од Уставот кој овозможува стопирање на регионална автономија која Каталонија ја има. Минатата недела, на Пуигдемон му пишувало  Венецијанското поверенство, советодавно тело на Советот на Европа за прашање на устав, наведувајќи дека референдумот треба да се спроведе “ во договор со шпанските власти, почитувајќи го Уставот и важечките закони.

Кампањата за референдумот веќе започна, за недела е најавен собир на подршка за одцепување на кој ќе учествува и поранешниот тренер на Брселона, Пеп Гвардиола. Според последната анкета до крајот на март, 48,5% од Каталонците се против одвојување од Шпанија, додека 44,3% се за.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three − 3 =

%d bloggers like this: