20170610_2_24162404_23025084_Web (Copy)

Лавров: Русија ќе вложи напори за решавање на катарскиот спор

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров му кажа на својот катарски колега Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани дека Москва ќе вложи напори да се обиде да го реши зголемувањето на кризата помеѓу Катар и неколку арапски земји, јавува Anadolu Agency (AA).

20170610_2_24162404_23025080_Web - Copy

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,Египет и Бахреин оваа недела ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи ја земјата дека толерира, па дури и со својата поддршка ги охрабрува екстремистичките групи, меѓу кои е и сирискиот огранок Ал-Каеда.

„Русија ги оддржува контактите со поголемиот дел од учесниците во тековниот процес. Се што Русија може да стори во согласност, во интерес на вклучените страни, ние ќе се обидеме да преземеме”, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија Лавров денес во Москва се состана со Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани, министерот за надворешни работи на Катар.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − 1 =

%d bloggers like this: