20170610_2_24163523_23027734_Web (Copy)

(Фото) Напаѓачите од Лондон најпрво се обиделе да изнајмат камион од 7,5 тони

ЛОНДОН (АА) – Сторителите на терористичкиот напад во Лондон на 3 јуни, денот кога го извршија нападот се обиделе да изнајмат камион од 7,5 тони, но поради недостаток на пари тоа не успеале да го направат, јавува Anadolu Agency (AA).

20170610_2_24163523_23027735_Web (Copy)

Британската полиција продолжи со истрагата за неодамнешниот терористички напад во главниот град на Велика Британија, а во рамките на тоа на јавноста и се дадени нови детали до кои се дојде во истрагата.

Од полицијата е соопштено дека напаѓачите во сабота на 3 јуни, во раните утрински часови се обиделе да изнајмат камион од 7,5 тона, но тоа не им успеало бидејќи немале доволно пари.

Полицијата понатаму наведува дека напаѓачите, по неуспешното изнајмување на камион се одлучиле на минибус, во кој подоцна е пронајден материјал за правење на молотови коктели.

Исто така се наведува дека минибусот го изнајмил 27 годишниот Курам Шазад Бат со потекло од Пакистан, кој управувал со возилото. Другите двајца напаѓачи Јусеф Загхба и Рашид Редоне седеле назад.

Полицијата потврди дека минибусот осум минути пред нападот, поминал на локацијата на која дојде до нападот, па по свртувањето повторно се вратил на тоа место.

Во рамките на истрагата за нападот, британската полиција во последните седум дена разговараше со 282 очевидци од 19 земји.

Најмалку осум лица загинаа, а 48 се повредени во терористичкиот напад кој се случи во срцето на Лондон минатата недела. До нападот дојде кога напаѓачите со комбе ударале пешаци на Лондонскиот мост, а потоа го напуштиле возилото и со ножеви ги напаѓале луѓето, при што полицијата ги неутрализираше сите тројца напаѓачи.

Полицијата нападот го окарактеризира како терористички, а приведени се 12 осомничени лице кои подоцна се пуштени.

Одговорност за нападот во Лондон презеде терористичката организација ДЕАШ.

20170610_2_24163523_23027732_Web (Copy) 20170610_2_24163523_23027734_Web (Copy)  20170610_2_24163523_23027736_Web (Copy) 20170610_2_24163523_23027737_Web (Copy) 20170610_2_24163523_23027746_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − = 4

%d bloggers like this: