BREAKING NEWS
Search
јалон

Поранешен израелски министер: Арапските држави не се заинтересирани за Палестинското прашање

Поранешниот министер за одбрана на Израел, Моше Јалон денес изјавил дека повеќето од арапскиот свет равнодушни се спрема израелско-палестинскиот судир.

“Судирот со Палестинците не го интересира сунитскиот блок“, изјавил Јалон за ТВ Каналот 10.

Јалон служел три години како шеф за одбрана на Израел.

“Трамп разбира дека судирот започна пред 1967, па дури и пред 1948 година и дека главниот проблем е образованието“, додал Јалон.

Американскиот претседател разбира дека Палестинците не се расположени да го принзат нашето право дека овде постоиме како држава на еврејскиот народ“. Јалон исто така ја коментирал и неговата улога во представувањето на Израел во мировните преговори.

“Бев на самито кој се одржа во Акаба и забележав обид да се водат политички преговори“, истакнал Јалон.

Акаба која се наоѓа во Јордан, во фебруари минатата година 2016 беше домаќин на мировниот самит со арапските земји во настојување Израел и Палестина да преговараат за дводржавно решение. Зборувајќи за сунитските Араоски држави од заливот, Јалон изјавил “ тие се во ист чамец со нас“ не во терминот на израелско-палестинскиот судир туку на оној против Иран.

“Саудиска Арабија повеќе од две години не вложи ниту долар на Палестинците“, изјавил Јалон

“Ако го прашате египетскиот претседател ес-Сиси за Ебу Мазен ( Махмуд Абаз), веројатно тој ќе го повтори она што (поранешниот претседател на Египет) Мубара го кажал на ( поранешниот палестински премиер) Арафат ’к***ин син.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − one =

%d bloggers like this: