pakistan

Пакистан: Не праќаме војска во Катар

ИСЛАМАБАД (АА) – Пакистан ги негираше наводните тврдења на одделни странски медиуми дека оваа земја ќе испрати војска во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Пакистан наводите за испраќање на десетина илјади војници во Катар ги нарече во потполност измислени и неосновани.

„Споменатите вести се дел од кампањата чија цел е погрешно разбирање меѓу Пакистан и братските земји од Заливот”, се наведува во соопштението на министерството.

Одделни странски медиуми пренесоа дека Пакистан во Катар ќе испрати 20.000 војници.

Премиерот на Пакистан, Наваз Шариф, претходно изјави дека оваа земја е подготвена да посредува во решавањето на дипломатската криза меѓу Катар и арапските земји.

Саудиска Арабија, ОАР, Бахраин, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинале сите дипломатски односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабизација на регионот.

Бахраин, Саудиска Арабија и ОАР го затворија и својот воздушен простор за Катар и им наредија на државјаните на Катар да ги напуштат овие земји во рок од 48 часа.

Покрај тоа, Саудиска Арабија ја затвори и копнената граница со Катар, кој има намера да поведе судски процес против овие три земји.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + three =

%d bloggers like this: