BREAKING NEWS
Search
sigmar_main_reuters

Габриел: Кризата во односите меѓу земјите од Заливот може да прерасне во војна

БЕРЛИН (АА) – Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, предупреди дека кризата во односите меѓу Катар и неколку држави од Заливот би можела да предизвика војна од пошироки размери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во интервју за весникот „Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung“, Габриел ги нарече драматични односите меѓу братските и соседни држави од Персискиот Залив.

„Мора да се спречи ескалација на тензиите бидејќи сегашните разлики во тој регион може лесно да прераснат во војна“, предупреди Гаврил.

Истакнувајќи дека во врска со кризата, овие денови разговарал со министрите за надворешни работи на САД, Турција, Иран, Саудиска Арабија, Катар и Кувајт, Габриел изјави дека добро знае за колку сериозна ситуација станува збор.

Повикувајќи ги сите страни на преговори и мирно решавање на кризата, германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, истакна дека постои можност да се спречи ескалацијата на немирите.

И германската канцеларка за време на неодамнешната посета на Мексико, предупреди на сериозноста на кризата во регионот на Персискиот Залив.

Меркел рече дека таа криза не може да се реши без учество на сите релевантни фактори во регионот, вклучувајќи ги Катар, Турција и Иран.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.

Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати го затворија воздушниот простор за Катар и на државјаните на оваа земја им наложија да ги напуштат нивните граници во рок од 48 часа. Освен тоа, Саудиска Арабија ја затвори и копнената граница со Катар, кој пак планира да покрене судски процес против споменатите три земји.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − three =

%d bloggers like this: