20170611085820_69174

БЕСРАМНО КРШЕЊЕ НА ВЕРСКИТЕ ПРАВА: На верниците од Катар забрането им е влегување во Големата џамија


Саудиските власти спречиле влегување на државјанин на Катар во Големата џамија во Мека, додека се заострува дипломатската криза во Заливот, јавува катарскиот весник Al Sharq.

Граѓани на Катар и` се жалеле на Националната комисија за човекови права (NHRC) и на државата дека на аџиите им било забранет влез во џамијата јавува весникот.

Шефот на Комисијата Али бин Смаикх-ал-Марри овој инцидент го нарекол бесрамно кршење на правата на практикување на верските обреди спрема одредбите на конвенцијата за човекови права.

Комисијата го осуди инцидентот.

Саудиските власти обично не ги испрашуваат луѓето кои влегуваат во Големата џамија за нивната етничка или секташка припадност.

Казни за изразување на солидарност

Инцидентот доаѓа на неколку денови откако одредени земји на заливот воведоа казни за изразување на солидарност со Катар, особено на социјалните мрежи.

Откако започна дипломатскиот спор, слогани за и против Катар представуваат тема за која најмногу се шишува на Твитер на арапски јазик.

Твитер е многу популарен во арапскиот свет, поготово во Саудиска Арабија.

 





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = two

%d bloggers like this: