52nd Munich Security Conference

Реакција на Катар на острата изјава на американскиот претседател

Откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Катар историски “ на висок степен“ го финансира тероризмот и дека ја повикува Доха на завршување на таквата пракса, денес реагираше катарскиот министер за надворешни работи  Мухаммед Ал-Тани, со зборовите:

“Односите на Катар и САД имаат историски карактер и траат со долго време. После потпишувањето на договорот за воена соработка … Катар вложи големи напори во борбата против тероризмот и даде голем допринос во таа борба, заедно со сојузниците на чело со САД. Беше чудно да се слуша изјавата на американскиот претседател, втемелена на ставовите на земји кои имаат посебни политички положби во однос на државата Катар“.

Министерот изјавил дека Доха не мооже со Вашингтон да се сложи со сите аспекти, а пред сё заради палестинското движење ХАМАС, кое САД ја смета за терористичка организација, а арапските земји легитимно движење на отпорот.

“Катар не го подржува ХАМАС, туку палестинскиот народ. Нашата подршка на палестинскиот народ е развидна. Ние соработуваме со официјалната палестинска влада. Присуството на ХАМАС во Катар не значи дека Катар го подржува. Во Катар ХАМАС дејствува како политичко представништво“, појаснил катарскиот министер за надворешни работи.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × = sixty four

%d bloggers like this: