20170612_2_24181822_23069616_Web (Copy)

Косово: Политичките партии ги прославуваат првичните резултати од изборите

ПРИШТИНА (АА) – Илјадници приврзаници на коалицијата ПАН (ПДК-ААК-НИСМА), чиишто кандидат за премиер е Рамуш Харадинај, и Движењето „Самоопределување”, со кандидат за премиер Албин Курти, се собраа на двата големи плоштади во центарот на Приштина за да ја прослават „победата на нивните партии”, јавува Anadolu Agency (AA).

20170612_2_24181822_23069619_Web (Copy)

Поддржувачите на ПДК-АА-НИСМА, која според последните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) е на прво место со најголем број освоени гласови, се собраа на плоштадот „Скендербег”, додека поддржувачите на Движењето „Самоопределување” се собраа на плоштадот „Захир Пајазити”.

- Харадинај: Ова се досега најдобро одржаните избори во Косово

На собраните приврзаници, лидерот на Алијансата за иднина на Косово и кандидатот за премиер, Рамуш Харадинај на граѓаните им честиташе за најдобро одржаните избори.

„Тука сме да им се заблагодариме на сите за сите напори што ги направивте, на довербата, на сите членови и на колеги од коалициските партии им честитам на победата. На Косово му честитам на изборите, знаеме дека не чека многу работа, но ние сме заедно за да ги реализираме работите на Косово”, рече Харадинај.

Кадри Весели, лидерот на Демократската партија на Косово, им честиташе на сите граѓани на победата, изјавувајќи дека Косово одлучи за наредните четири години.

„Ова е наше слободно Косово, ова е нашето демократско Косово, ова е нашето прозападно Косово, ова сте вие, нов почеток. Четитам”, рече Весели.

Прославата на ПАН заврши со голем огномет.

- Курти: Ова е голема победа за Движењето „Самоопределување”

Истовремено, Движењето „Самоопределување” организираше прослава на Плоштадот „Захир Пајазити”, кој е оддалечен само неколку стотици метри од Плоштадот „Скендербег”, каде се собраа голем број нивни активисти и симпатизери. Движењето „Самоопределување” самостојно излезе на изборите, додека останатите албански големи партии на изборите излегоа со предизбори коалиции.

Кандидатот за премиер, од ова движење, Албин Курти, рече дека овие резултати се победа на „Самоопределување” и сите граѓани на Косово.

„Движењето Самоопределување сега е прва партија, најголема партија на Косово. Нашето движење порасна двојно на изборите на 11 јуни во споредба со јуни 2014 година. Самоопределување порасна за 120 отсто”, рече Курти.

- ЦИК објави по 75,94 отсто од гласачките ливчиња -

Централната изборна комисија (ЦИК) на Република Косово досега има објавено 75,94 оотсто од првичните резултати од предвремените парламентарни избори.

Вкупниот број на регистрирани гласачи изнесува 1.872.941, а според последниот извештај на ЦИК, правото на глас го оствариле 759.904 граѓани. ЦИК информираше дека досега се изброени 553.169 гласови, или 75,94 отсто, од кои 40.686 се прогласени за неважечки.

Според резултатите кои се менуваат речиси секоја минута, коалицијата ПДК-ААК-НИСМА чијшто кандидат за премиер е Рамуш Харадинај, се наоѓа на прво место со 183.355 гласови или 35,45 отсто.

Втора е коалицијата ЛДК-АКР-Алтернатива, со кандидат за премиер Авдулах Хоти со 25,29 отсто од гласовите или 130.809 гласови, додека на трето место е Движењето Самоопределување со кандидат за премиер Албин Курти, со 24,96 отсто од гласовите или 129.086 гласови.

Централната изборна комисија соопшти дека на денешните предвремени парламентарни избори е забележана излезност од 41.45 отсто од регистрираните гласачи, односно гласаа речиси 760 илјади гласачи од околу 1.873.000 регистрирани гласачи.

ЦИК оцени дека освен неколку технички проблеми на северот на Косово, не се забележани поголеми нерегуларности кои би го нарушиле изборниот процес. Ова се 6. парламентарни избори на Косово.

20170612_2_24181822_23069612_Web (Copy) 20170612_2_24181822_23069615_Web (Copy) 20170612_2_24181822_23069616_Web (Copy) 20170612_2_24181822_23069617_Web (Copy)  20170612_2_24181822_23069621_Web (Copy) 20170612_2_24181822_23069622_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− seven = 1

%d bloggers like this: