20170612_2_24188004_23081196_Web (Copy)

Вучиќ: Јас би сакал Aлбанците на Косово да гласаа поинаку

БЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е задоволен од резултатите на Српската листа на изборите во Косово, но дека би сакал Албанците да гласале поинаку, јавува Anadolu Agency (AA).

Српскиот претседател им се заблагодари на Србите за нивната голема поддршка на Српската листа, која ја поддржува и Владата на Србија, но рече дека коалицијата на ПДК, ААК и Самоопределување може да ѝ создаде проблеми на Србија.

„Би сакал резултатите да се малку различни, што се однесува до волјата на албанскиот народ, но не сум јас тој кој во нивно име можеше да бира. Тоа ќе ни создаде проблеми, но ние треба да ја сочуваме стабилноста“, рече Вучиќ.

Тој им се заблагодари на косовските Срби за дисциплината и додаде дека тие гласале за интересите на Србите и Србија во Косово, со тоа што гласаа за Српската листа, која според него има освоено најмалку осум од 10 загарантирани места во Собранието на Косово.

„Србите покажаа дека сакаат сериозен дијалог со Албанците“, рече Вучиќ.

Вучиќ, исто така рече дека во текот на оваа недела ќе предложи мандатар за состав на новата влада на Србија.

„Во текот на оваа недела ќе предложам премиер“, рече Вучиќ.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = six

%d bloggers like this: