arapska liga

Арапската лига нема да дискутира за кризата во Заливот

КАИРО (АА) – Арапската лига го отфрли планот за разговори во врска со политичката криза во Заливот за време на состанокот закажан за денес, јавува Anadolu Agency (AA).

Пан-арапскoто тело ќе се сретне во Каиро на ниво на постојани делегати, со цел да разговара за зголеменото израелско присуство во Африка.

Средбата е закажана во период на криза во подрачјето на Персискиот Залив откако Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен ги прекинаа врските со Катар со тврдења дека го подрдржува тероризмот.

„Нема точка во агендата на состанокот во врска со потегот на одредени арапски држави да ги прекинат дипломатските односи со Катар“, истакна портпаролот на лигата Махмуд Афифи во соопштението.

Тој рече дека состанокот се одржува на барање на Палестина, со цел да се дискутира за зголеменото израелско присуство во Африка.

Катар, од своја страна, енергично ги негираше обвинувањата за поддршка на тероризмот, и потегот за нејзина дипломатска изолација го смета за неправеден.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 + = fourteen

%d bloggers like this: