20170612_2_24189794_23083913_Web (Copy)

(Фото/Видео) Чавушоглу се сретна со дипломати од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и од Бахреин

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се сретна со амбасадорот на Саудиска Арабија, Валид бин Aбдулкарим Ал Kхураији, со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) калифот Шахин Aл Марар и со вршител на должност во амбасадата на Бахреин во Анкара, Кoмаил Ахмед, јавува Anadolu Agency (AA).

Дипломатски извори велат дека пред состанокот на Советот на министри на Турција, во резиденцијата на Министерството за надворешни работи Чавушоглу разговарал со претставници од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и од Бахреин за ситуацијата во Персискиот Залив.

Турскиот министер ги нагласи очекувањата на Турција и на меѓународната заедница кога станува збор за ова прашање.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен на 5 јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, земја којашто ја обвинија за поддршка на тероризмот.

На дипломатите од Катар им беше наредено во рок од 48 часа да ја напуштат територијата на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и на Бахреин, кои истовремено за таа земја го затворија својот воздушен простор.

Чавушоглу се сретна со дипломати од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и од Бахреин 20170612_2_24189794_23083910_Web (Copy) 20170612_2_24189794_23083911_Web (Copy) 20170612_2_24189794_23083913_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ three = 4

%d bloggers like this: