20170612_2_24189980_23084191_Web (Copy)

Мјанмар: Во потрагата по исчезнатиот авион од морето извлечени 76 тела

ЈАНГОН (АА) – Продолжува потрагата по неодамна исчезнатиот воен авион на Мјанмар, но досега спасувачките екипи ги пронајдоа телата на 76 жртви од вкупно 122 лица, колку што беа во авионот кој исчезна од радарите за време на летот над Индискиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).

Војската на Мјанмар соопшти дека потрагата по исчезнатиот воен товарен авион е продолжена утринава и дека се ангажирани дополнителни единици на морнарицата по подобрувањето на временските услови во Андаманското Море.

Спасувачките екипи денес од морето ги извлекоа посмртните останки на уште 17 лица, со што бројот на пронајдени жртви се зголеми на 76. Меѓу досега пронајдените тела на патници од исчезнатиот авион 28 се жени, а 12 деца.

Портпаролот на армијата на Мјанмар, генерал Аунг Је Вин, претходно изјави дека мали се шансите некој од 122 лица да ја преживее несреќата.

Кратко по полетувањето од воениот аеродром во Мјеик, воен товарен авион со 122 лица исчезна во средата за време на летот кон Јангон. Во авионот имаше 14 членови на екипажот и 108 војници и членови на нивните семејства.

Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека најверојатно невремето ја предизвикало несреќата.
Во потрага по исчезнатиот авион учествуваат девет воени бродови, шест воени авиони и три хеликоптери.Местото на кое исчезна авионот на војската на Мјанмар се наоѓа на неколку стотина километри северно во Индискиот Океан од местото на кое исчезна од радарот и патничкиот авион на „Malaysia Airlines“, на летот од Куала Лумпур кон Пекинг во март 20914 година, кој никогаш не е пронајден.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− five = 1

%d bloggers like this: