IMG_8156 (Copy)

Стружани на протест пред Општината и Судот за проблемот со депонијата

Граѓаните на Струга повторно ќе го кренат својот глас за чист воздух, овојпат пред институциите.

Тие уште еднаш ќе побараат одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија.

Од Граѓанската иницијатива „Доста“ во писмениот допис наведуваат дека само со одговорни институции, поединци и одговорно однесување може да се разреши ситуацијата.

„Протестот за одговорност“ е закажан за четврток, 15-ти јуни, пред зградите на Општина Струга и Основниот суд. Збирно место ќе биде паркингот пред Центар за управување со кризи во 12 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива/dubai-portal




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× two = 18

%d bloggers like this: