20170612_2_24194565_23091983_Web (Copy)

Видео (Обновено) Егејско Море: Регистрирани уште седум потреси на тлото

АНКАРА (АА) – По земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди подрачјето на Егејското Море во западна Турција, во текот на половина час по него беа регистрирани седум потреси, јавува Anadolu Agency (AA).

20170612_2_24194565_23091982_Web (Copy)

Владината Управа за справување со кризи и итни случаи (AFAD) соопшти дека потресот е регистриран денес, во 15:28 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 23 километри од крајбрежниот град Карабурун во провинцијата Измир.

Во текот на следните 30 минути беа регистрирани уште седум последователни потреси, од кои два беа со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Во АФАД е свикан кризниот штаб.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × seven =

%d bloggers like this: