20170611204533_45445

ИРАН ИСПРАЌА ХРАНА ВО КАТАР: Не е јасно дали станува збор за хуманитарна помош или трговија



Иран во пет авиони испратил храна за Катар кој се бори со недостатокот заради регионалната блокада, јави вчера ББС.

Повеќе држави, особено Саудиска Арабија, минатата недела ја прекинаа врската со Катар обвинувајќи го дека финансира тероризам, и замерувајќи му дека премногу му се доближиле на Иран.

Копнената граница со Саудиска Арабија, низ која поминува 40% од храната за Катар е затворена.

Портпаролот на иранските воздушни сили Шахрох Мушабади за агенцијата Франс Пресс во неделата изјави: “ Досега со пет авиони испративме храна како овошје и зеленчук во Катар, во секој од нив има околу 90 тони товар, додека уште еден авион ќе полета во текот на денов“.

Не е јасно дали се работи за хуманитарна помош или трговија.

Нушабади изјавил дека снабдувањето ќе продолжи сё додека биде потребно.

АФП ја наведува новинската агенција Тасним која тврди дека три брода со 350 тони храна пристигнале во Катар.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two + 8 =

%d bloggers like this: