BREAKING NEWS
Search
талибанци

САУДИСКА AL-AREBIYA: Катар, Иран и Русија ги помагаат талибаните во Авганистан во борба против САД

Во текот на последните недели се појавија многу извештаи кои го обвинуваат Иран дека подтикнува ангажман на талибани во северните и источните подрачја на Авганистан. Гледано историски, талибаните идеолошки се заколнале како непријатели на Иран, меѓутоа околностите од нив во последните години од нив направиле сојузници, пишува саудискиот портал Al-Arebiya.

Ова година, кога повеќе меѓународни коалициски сили започнаа да се повлекуваат од Авганистан, Иран започна да го формализира својот однос со талибаните дозволувајќи да отворат странско представништво (канцеларија) во Машхад, давајќи му подтик на меѓународното присуство назабранетите организации, се наведува во извештајот на коментарот на Институтот за Блискиот исток Џошуа Левковиц. Исто така ИД зајакна во покраината Нангархар откако неколку регионални групации, вклучувајќи ја и Ал Тавхид и Ансар Ал-Калифат Вал-Џихад, ветиле формална лојалност на ИД. Тие односи исто така допринеле за поблиски однос на Иран и талибаните.

Минатиот декември, Гласот на Америка (ВОА) извести дека авганистанскиот парламент отворил истрага за воени сојузнички врски помеѓу талибанските бунтовници, Иран и Русија. Иран е обвинет дека им давал засолниште на талибанските борци од Авганистан во прекуграничните подрачја.

 Талибанските семејства во Иран

“Семејствата на бројни високи талибански лидери предстојуваат во Иран“, вели Асиф Нанг, гувернер на западната покраина Фарах во изјава за Радио Либери. “ Тие живеат во градовите како што се Јазд, Керман и Машхад, а во Авганистан се враќаат заради субверзивни активности“.

Гувернерот изјавил дека телата на талибанските борци убиени во неодамнешните судири во провинцискиот главен град пренседни се до нивните семејства во Иран. Нанг авганистанските медиуми изјавил дека во покраината моментално се присутни повеќе од 5.000 талибански милитанти.

Жителите велат дека често ги забележуваат талибаните како ја преминуваат границата со Иран.

“Во последно време гледам многу нови лица кои доаѓаат од Авганистан“, изјавил за Jamajuddin,, авганистански бегалец во градот Тајбад кој се наоѓа во пограничното подрачје. “ Тешко можете да ги видете на јавни места и се држат подалеку од другите Авганистанци. Некои од Авганистанците велат дека тие се талибани“.

Авганистански функционери велат дека Техеран исто така со софистицирано оружје ги снабдуваат Талибаните.

“Иран не само што ги угостил талибанските семејства, туку нивните групи ги снабдувал и со оружје кое може да гаѓа и оштетува тенкови и авиони“, низјавил член на парламентот Џумадин Гајанвал од југоисточната покраина Пактике.

Wall Street Journal во јули 2015 извести дека Иран испратил пари и оружје за Талибаните. Во јуни 2016 Ал Арабија известила дека талибанскиот лидер Акхтар Мансур загинал во напад на војници на САД, после што се вратил во Авганистан од Иран каде предстојувал.

На почетокот на фебруари, врховниот командант на САД во Авганистан изјавил дека Русија и Иран ги подржуваат Талибаните како би ја поткопале мисијата на САД и НАТО која донесува стабилност во Авганистан. Воениот генерал Џон Николсон во американскиот Сенат изјавил дека Иран на талибаните во западен Авганистан им овозможува и логистичка подршка.

Врски со Катар

Според извештаите, талибаните од нивната политичка канцларија во Катар, на чело со Мохаммед Ајјаб Агхом, отпатувале за Иран во пролетта 2015 година како би разговарале за авганистанските и регионалните прашања“. Талибаните имаат легална политичка канцеларија во Доха, која им служи за состаноци со авганистанските и странските соговорници, а контраверзниот објект формално е отворен во 2013 година.

Талибаните имаа три опции за отварање на свој центар, ама според извештаите, Мула Омар посебно го сакал на Катар како држава за која тврдел дека е ’неутрална’. Некои експерти обновувањето на врската на Катар и Иран ја поврзуваат со најновата дипломатска криза на заливските земји, со борбата во Авганистан, каде американските трупи сега се соочуваат со уште еден непријател, покрај ИД и талибаните.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 × = eight

%d bloggers like this: