image_650_365

БРЗ ОДГОВОР ОД КАТАР: Талибаните ги угостивме на барање на САД

Талибаните предстојуваа во Катар на барање на Владата на Соединетите Американски Држави, изјавил за Ал Џезира специјалниот пратеник на катарското Министерство за надворешни работи за борба против тероризмот.

Mutlaq Al Qahtaniизјавил дека ова заливска земја ги угостила талибаните “на барање на амеериканската влада“ и во рамките на катарската “политика на отворени врати, како би се овозможиле разговори, како би се посредувало и како би се постигнал мир“.

Тој додал дека Катар ги “овозможувал разговорите помеѓу Американците, талибаните и Владата на Авганистан“.

Талибаните во Катар во 2013 година отворија своја “политичка канцеларија“.

Al Qahtani  ова го изјавил откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека “ Катар историски бил финансиер на тероризмот на многу високо ниво“, обвинение кое Катар го негира.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 7 = fourteen

%d bloggers like this: