BREAKING NEWS
Search
593a6416-0c0c-472d-83d0-57480a0a0a7e-katar-doha-700x402

Ја пробива ли покрај Турција, и Иран блокадата на Катар преку Оман?

Катар започна да го користи пловниот пат преку Оман како би ја заобиколил блокадата која му ја наметнаа Саудиска Арабија и дел од заливските земји, обвинувајќи ја власта од Доха дека финансира тероризам.
Катарските власти објавиле видео на кое се гледа истовар на брод во пристаништето Хамад во Доха, а откако бродот поминал низ пристаништето Сохар во Оман.

Обично карго бродовите за Катар претходно застанувале во големото пристаниште во Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби, каде товарот се префрлувал на помали бродови кои можат да пристигнат до Катар. Меѓутоа, откако Емиратите се придружија на блокадата тоа повеќе не е можно.

Меѓутоа, Катар соопшти дека бродовите сега претовар вршат во пристаништата на Оман заобиколувајќи ја блокадата. Оман не се придружил кон санкциите против Катар, а како што наведува агенцијата АП, ова држава ќесто пати представува таен посредник во контактите на западните земји со Иран. После почетната паника заради недостиг на храна, Катар сега обезбеди дневна испорака на намирници од Турција, а и Иран започна со испраќање на овошје и зеленчук.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × two =

%d bloggers like this: