20170613_2_24209253_23115929_Web (Copy)

(Фото/Видео) Ирак: По масовно труење со храна, во бегалски камп починаа две лица, хоспитализирани 825 лица

ЕРБИЛ (АА) – Најмалку две лица починаа, а 825 бегалци од Мосул се хоспитализирани откако минатата ноќ добија труење од храната што ја јадеа за време на ифтарот, вечера со која муслиманите го прекинуваат дневниот пост во текот на месецот Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).

Гувернерот на Ербил, Невзад Хади, соопшти дека во бегалските кампови „Хасан Шам“, „Хазир“ и „У2“, кои се наоѓаат во ослободениот источен дел на Мосул, дошло до масовно труење.

„Бегалците беа отруени со храна којашто беше донација од страна на хуманитарна организација, а ја подготви еден ресторан во центарот на Ербил“, изјави Хади.

Тој посочи дека минатата ноќ во кампот биле испратени 42 екипи за медицинска помош, а во неколку болници во Ербил биле хоспитализирани најмалку 825 луѓе.

Отруените претежно се жени и деца, а против сопственикот на ресторанот што ја подготви храната за ифтарот е отворена истрага.

20170613_2_24209210_23115818_Web (Copy) 20170613_2_24209210_23115819_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115929_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115931_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115932_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115933_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115934_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115935_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115936_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115939_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115940_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115941_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115943_Web (Copy) 20170613_2_24209253_23115947_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 4 =

%d bloggers like this: