20170613_2_24211777_23119868_Web (Copy)

Експертска дебата: Политичката нестабилност е главна пречка за економски раст на земјите во регионот

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје во организација на фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) на Економскиот факултет денеска се одржува експертска дебата насловена „Економски модел: Кон кохерентна политика за раст во Југоисточна Европа“, за пречките за економски развој во Југоисточна Европа со цел идентификување на најдобрите политики за обновување на растот и побрзо приближување на регионот кон развиените земји, јавува Anadolu Agency (AA).

20170613_2_24211777_23119872_Web (Copy)

Милан Живковиќ од „Фридрих Еберт“ фондацијата, рече дека оваа организација има за цел да овозможи соработка меѓу прогресивните партнери и помогне во креирањето нови концепти, стратегии и програми кои ќе водат кон заедничко и кохезивно општество.  Тој истакна дека инклузивните политики не се однесуваат само на мала група граѓани, туку дека тие се однесуваат на сите граѓани во Македонија без разлика за кого гласале и во тоа се состои инклузивноста.

„Мнозинството не смее да одлучува само за политиките кои одговараат на мнозинството, туку треба да одлучуваат за доброто на сите граѓани во Македонија. Тоа единствено може да се направи со вклучување на експертската фела, граѓанското општество и сите индивидуи кои може да придонесат кон таа инклузивност”, смета Живковиќ.

Новоименуваниот министер за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски, кој беше учесник на денешната експерска дебата рече дека на Република Македонија и е потребен модел со кој ќе се дојде до пораст на платите на мнозиството граѓани коишто платата ја заработуваат со ангажирање на нивниот личен труд.

„За Македонија основната идеја е дека е потребен модел што ќе придонесе платите да растат на мнозинството граѓани, бидејќи тоа е основата за подигнување на животниот стандард на сите оние кои живеат од својот труд, а немаат приходи од капитал”, посочи министерот Тевдовски, додавајќи дека Министерството за финансии пушта поврат на ДДВ без никаков застој со цел економските агенти да имаат повеќе приливи да ги откочат плаќањата за да се раздвижат состојбите.

„Знаеме што правиме и ќе обезбедиме развој на македонската економија”, рече министерот.

Милица Увалиќ, професор по економија на универзитетот во Перуџа, Италија, рече дека сите земји од Балканот се соочуваат со исти или слични економски проблеми, во прв ред наведувајќи ја високата стапка на невработеност. Таа смета дека главна пречка за брз економски раст за сите земји во регионот е политичката нестабилност, а за Македонија истакна дека е многу важно што ја надмина политичката криза.

„Главна пречка за брз економски развој за сите земји е политичката нестабилност. Политичката стабилност е фактор број еден за да сите земји може да се развиваат. Генерално, во регионот е потребна пофокусирана индустриска политика. Во сите земји недостигаат цели каде сакаат да се движат и која индустрија сакаат да се развива. Економските политики се премногу краткорочни. Сите области на реформи што не се спроведени нема да бидат добри ако немате добра државна администрација”,  рече Увалиќ.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 8 =

%d bloggers like this: