20170613_2_24210028_23117053_Web (Copy)

„Саудискиот крал Селман треба да ја преземе одговорноста за решавање на кризата во Заливот“

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција и претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti), Реџеп Таип Ердоган, го повика саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал-Сауд, да ја преземе одговорноста и водечката улога во решавањето на кризата во односите меѓу неколку држави од Заливот со Катар, јавува Anadolu Agency (AA).

20170613_2_24210028_23117055_Web (Copy)

Обвинувајќи го за поддршка на тероризмот, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Јемен минатата недела ги суспендираа сите односи и ги блокираа границите со Катар, кој тврди дека тие обвинувања се неосновани.

Ердоган во денешното обраќање на седницата на парламентарната група на Партијата АК, се осврна на таа криза и рече дека изолацијата на Катар не е ниту исламски, ниту пак хуман чин.

„Заедно со Турција, Катар е држава која зазеде најјасен став против терористичката организација ДЕАШ“, порача Ердоган.

Тој додаде дека изолацијата на Катар е своевидна смртна казна за таа земја.

„Како лидер на Заливот, саудискиот крал Селман треба да ја реши оваа криза. Очекувам токму тој да биде предводник во решавањето на кризата“, рече Ердоган и додаде дека Саудиска Арабија мора да ги ревидира избрзаните потези во овој контекст.

Турскиот претседател истакна и дека Катар е земја со независна политика и јасен став, која има важна улога во регионот и во светот, и додаде дека без поддршка на Турција и на Катар сириската опозиција не би имала шанса да опстане наспроти сирискиот режим и терористите на ДЕАШ.

„Решението на кризата во Заливот ќе биде од корист за сите земји и народи во регионот. Затоа вложуваме големи напори и водиме активна дипломатија во таа насока. Денес на телеконференцијата во врска со кризата ќе разговарам со катарскиот емир и со претседателот на Франција“, рече Ердоган.

Тој исто така порача дека Турција ќе ја продолжи одлучната борбата против тероризмот. Нагласи дека групите ПЈД и ЈПГ во Сирија не може да се гледаат одвоено од групата ПКК, бидејќи станува збор за истата терористичка организација.

Осврнувајќи се на најавениот референдум за независност на Курдската управа во северен Ирак, турскиот претседател Ердоган кажа дека тоа би бил погрешен чекор и закана за територијалната целовитост на Ирак.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 4 = thirteen

%d bloggers like this: