koningfilipiftar

Кралот на Белгија гостин на ифтарска трпеза

БРИСЕЛ (АА) – Кралот на Белгија, Филип, беше гостин на ифтарската трпеза во домот на едно мароканско семејство, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Belga“ (Белга), кралот Филип бил гостин на ифтарската трпеза во домот на едно семејство, по потекло од Мароко, кое живее во близина на градот Гент.

На трпезата седеле три генерации од мароканското семејство, а кралот Филип, како и останатите 20 присутни на ифтарот, јадењето го започнал со урма.

Ифтарот бил подготвен од страна на домаќинот Абдел Азиз Бенхаду, кој изјави дека посетата на кралот Филип е порака за единство и заедништво.

Еден од членовите на семејството е и Халид Бенхаду, имам во градот Гент, кој во врска со посетата изјави: „Посетата на кралот ја гледаме како подадена рака кон муслиманската заедница“.

Во Белгија којашто има околу 11,4 милиони жители, живеат 760.000 муслимани.

Времето на постот на белгиските муслимани е околу 18 часа.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 4

%d bloggers like this: