3668792166

ДОНАЦИЈА ОД КАТАР? Две особи починале, а стотина хоспитализирани после труење во бегалски камп во Ирак

Околу 800 луѓе заболеле од масовно труење со храна во бегалски камп источно од ирачкиот град Мосул, соопштија денес претставници и хуманитарни организации.

Повеќе од 300 луѓе се одведени во болница на лекување откако во понеделникот навечер го прекинале рамзанскиот пост со ифтарско јадење, подготвено во еден локален ресторан.

„Десет членови на моето семејство се затруени“, изјавила една од жртвите на труењето која е сместена во импровизиран центар за лекување во кампот. “За ифтар ни беше послужен ориз, сосо од домати и пилешко“. Другата жртва во прегратки го држела своето дете кое плачело од болка.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) претходно извести за смрт на една жена и дете.

“Трагично е тоа што им се случи на луѓето кои поминаа многу работи минативе години“, изјавил Андреј Махечич, од агенцијата за бегалци на Обединетите народи, УНХЦР, која раководи со кампот и 12 други во воено зафатеното подрачје нан Ирак. Многумина жители побегнале од пеколот во борбите околу Мосул. ИОМ изјавил дека организацијата која ја донирала храната доаѓа од Катар, и таа му платила на локалниот ресторан за оброкот иако тоа не го потврдиле другите служби.

Како што се дознава неофицијалоно, станува збор за една од организациите која се наоѓа на спорната терористичка листа, која овие денови во јавноста ја пласира арапската коалиција, покажувајќи со прстот кон Катар како главен спонзор на тероризмот во регионот.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + = 13

%d bloggers like this: