алдзезира

АРАПСКАТА КОАЛИЦИЈА БАРА ЗАТВАРАЊЕ НА АЛ ЏЕЗИРА: Од Катар порачуваат дека тоа не доаѓа во предвид

Министерот за надворешни работи на Катар изјави дека нема да има никаква расправа за медиумската мрежа Ал Џезира во преговорите со државите кои наметнаа санкции на Катар.

Извештаите наведуваат дека државите кои стојат зад санкциите за Катар – Саудиска Арабија и сојузниците,меѓу кои се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет, бараат затварање на Ал Џезира, медумска мрежа која се најде на мета заради пристрасното известување на Блискиот исток.

Шеикот Мохаммед бин Абдулрахман Ал Тани на конференцијата за новинари во Париз изјавил дека не знае зошто блокот предводен од Саудиска Арабија го блокира Катар. “ Не станува збор за Иран или Ал Џезира“, изјавил тој. “ Немаме кои се вистинските причини… Катар е подготвен да седне и разговара за било што кое е поврзано со безбедноста на заливо“.

Тој додел дека неговата држава нема да прифати ’диктат ос страна на странци’.

“Доха ја отфрла расправата за било што поврзано со Ал Џезира, бидејќи тоа го смета за внатрешен проблем“, изјавил катарскиот шеф на дипломатијата, а пренесува Катарската новинска агенција. “Одлуките поврзани за катарските внатрешни прашања представуваат дел од суверенитетот на земјата и никој не може да се меша во тоа“, додал тој.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 3 = three

%d bloggers like this: