Qatar-2022-FIFA-World-Cup-Stadiums

КАТАР ПРЕД КОЛАПС ? Достапен градежен материјал доволен за уште две недели

Затварањето на границите се смета за штетно бидејќи миже да ја уништи градежната индустрија со прекинот на увоз на материјали потребни за Катар да ги доврши преку 200 милијарди вредни инфраструктурните проекти во рамките на подготовките за светското фудбалско првенство.

Еден од раководителите на градилиштето за АФП изјавил дека имаат достапен материјал доволно за уште две недели, ама владините министри од Катар тврдат дека градежната индустрија би можела да преживее до година дена во моменталните услови, пишува Ал Арабија.

Катарските подготовки за Светското првенство продолжува “нормално“ и организаторите остануваат сигурни дека ќе ги исполнат предвидените рокови за изградба на стадионите, соопштил извор близок на АФП. Претходно ова година, Катар открил дека троши речиси 500 милиони долари неделно за подготовки на најголемиот фудбалски турнир.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× seven = 56

%d bloggers like this: