20170614_2_24226907_23144157_Web (Copy)

СКЗМ и Трговската комора на Унгарија потпишаа Меморандум за соработка

СКОПЈЕ (АА) –  Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКЗМ) и Трговската комора на Унгарија во Македонија тргнувајќи од фактот за натамошен развој на стопанската дејност на северозападниот регион на Македонија и потребата за натамошно продолжување и продлабочување на трговската соработка, потпишаа меморандум на соработка, јавува Anadolu Agency (AA).

20170614_2_24226907_23144160_Web (Copy)

По потпишувањето на меморандумот и по одржување на состанокот на делегациите на двете стопански комори, претседателот на СКЗМ Неби Хоџа рече дека со овој меморандум компаниите кои членуваат во коморите ќе можат на покоординативен начин да соработуваат, ќе имаат поголема основа за нинвата соработка и поголема гаранција за нивниот бизнис.

„Денеска ние ги нагласивме некои точки во однос на трговијата и во однос на олеснувањата кои ги бараат бизнисите, а во идниот период тие барања ќе ги изнесеме за да можеме да ги артикулираме кај властите, кои се во тек на реализирање на нивата програма и да можеме да поттикнеме олеснување во тој дел на  полесно и побрзо работење на компаниите на Унгарија и Македонија”, изјави Хоџа.

Како што рече тој, на состанокот се потенцирани неколку сектори, претежно секоторот на комунални услуги, во делот на фармацеутиката, како и можноста за извоз на мебел во Унгарија кој го произведувааат компаниите во Македонија. Во понатамошниот тек на соработката, подетално и поконкретно ќе биде договорена соработката, а денеска потпишаниот меморандум ќе создаде олеснителни околности за спроведување на договореното, информираа од СКЗМ.

Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Дукс рече дека надворешно-трговската размена на Македонија и Унгарија е се поголема, а што се однесува на северозападен дел на Македонија има много повеќе потенцијал.

„Се радуваме на оваа соработка и мислиме дека ова ќе придонесе во развојот на соработката на унгарските, македонските и албанските компании на оваа територија. Унгарија не е далеку имаме директна линија Скопје – Будимпешта. Исто така, оваа соработка, ќе придонесе за добрите односи на компаниите на ова подрачје и во Унгарија”, изјави амбасадорот Дукс.

Според унгарскиот статистички завод, целокупната стопанска размена помеѓу Македонија и Унгарија изнесува 252 милиони евра, а исто така, евидентно е зголемувањето на размената на повеќе од 45 отсто во однос на 2015 година.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 + one =

%d bloggers like this: