Untitled

Заев: Очекувам позитивен исход од средбата Димитров – Коѕиас

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, очекува позитивен исход од денешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, јавува Anadolu Agency (AA).

Заев истакна дека се очекува особено внимание да се посвети на зголемувањето на мерките за доверба меѓу двете држави, и додаде дека сѐ што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи, ќе биде отворено како тема за разговор.

„Денеска се очекува посебно внимание да се посвети на зголемувањето на мерките за доверба меѓу двете земји, да се интензивираат и да се надеваме дека граѓаните ќе почувствуваат и поконкретни резултати. Верувам дека сето она што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор. Навистина очекувам само позитивни перспективи од ваквите состаноци“, изјави Заев.

Премиерот Заев истакна дека секоја средба е шанса за наоѓање решение за да се деблокираат нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и во Европската Унија.

„Знам дека секоја средба со пријателски мотиви може да ги доближи ставовите и да изнајдеме решение навистина оваа мала земја тука на Балканот, нашата Република Македонија, конечно по толку години да се придвижи напред“, изјави Заев.

Позитивни се очекувањата и кога станува збор за денешната расправа на Европскиот парламент за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, како и отстранување на условената препорака.

Во врска со тоа, Заев истакна дека амбиентот е одличен и создава основни услови Македонија да испорача резултати до Европската Унија, како и ЕУ до Македонија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 8 = twenty four

%d bloggers like this: