20170614_2_24230146_23148977_Web (Copy)

Средба Шекеринска – Коблер: Членството во НАТО и во ЕУ предуслов за стабилност на Балканот

СКОПЈЕ (АА) – Членството на државите од регионот во колективните безбедносни системи е од големо значење за безбедноста и стабилноста на Балканот, е заклучокот од денешната средба во Министерството за одбрана, на министерката Радмила Шекеринска и амбасадорката на Австрија, Н. Е. Ренате Коблер, јавува Anadolu Agency (AA).

20170614_2_24230146_23148978_Web (Copy)

„Министерката Шекеринска на средбата посочи дека Македонија и нејзината Влада се посветени на реформите. Во однос на посетата на Брисел, министерката Шекеринска рече дека таа била исклучително успешна и дека се базирала на оптимизам во односите меѓу Македонија, Европската Унија и НАТО-Алијансата“, се вели во соопштението од ресорното министерство.

Шекеринска зборуваше за соработката во одбраната, истакнувајќи ја важноста на заедничките воени вежби коишто се од значаење за развојот на интероперабилноста и подготвеноста на двете армии. Министерката изрази благодарност за поддршката од Австрија во справувањето со мигрантската криза што го погоди регионот и Европа.

„Австриската амбасадорка Коблер изрази задоволство од досегашната билатерална одбранбена соработка и посочи дека Австрија иако не е членка на НАТО, дава безрезервна поддршка за интеграцијата на Македонија во колективните безбедносни системи. Таа изрази подготвеност за континуиран развој на меѓусебната одбранбена соработка и подготвеност за помош и поддршка во сите области на одбраната“, се вели во соопштението.

Македонија и Австрија во областа на одбраната соработуваат од 2006 година, со потпишувањето на Спогодбата за соработка. Таа вклучува области како размена на искуства во логистиката, воената обука и во образованието, јазична обука и курсеви за воени операции.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 3

%d bloggers like this: