20170614_2_24232239_23151983_Web (Copy)

Димитров: Сакаме поддршка од грчката Влада за да нѐ охрабри на патот по кој сакаме да одиме

АТИНА (АА) – Грчкиот мнистер за надворешни работи, Никос Коѕиас, истакна дека во случај на решавање на проблемите меѓу двете земји, ќе ја поддржат Македонија за членството во НАТО и во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA)

20170614_2_24232239_23151984_Web (Copy)

Коѕиас одржа заедничка прес-конференција по средбата со својот македонски колега Никола Димитров.

Коѕиас изрази големо задоволство за стабилизацијата на Македонија по владината криза, и рече дека ќе се преземат сите потребни чекори за развој на односите меѓу двете земји.

Грчкиот министер се осврна и на зголемувањето на мерките за доверба во повеќе области, и истакна дека покрај нафтоводот меѓу двете земји, можно е да се изгради и гасовод.

Исто така, Коѕиас пренесе дека изрично ќе го поддржат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија. „Знаеме дека соседната земја сака да биде членка на регионалните единства. Во случај да се реши спорот за името, ние сме отворени за да дадеме поддршка во ова прашање“, истакна тој.

Коѕиас додаде дека треба да работат за да најдат решение во корист на двете земји за спорот со името.

За прашањето околу блокирањето на членството на Македонија во НАТО, во 2008 година, од страна на Грција, Коѕиас одговори: „Грција сака сите земји од Западен Балкан да бидат вклучени во евро-антлантскиот систем. Треба да најдеме начин за компромис“.

Од друга страна, министерот Димитров нагласи дека Македонија е одлучна тешките години да ги остави зад себе. Тој вели дека земјата сака да ја ревитализира интеграцијата со ЕУ, НАТО и со соседните земји.

Димитров пренесе дека пред Македонија се наоѓа еден тежок пат за надминување на проблемите со Грција. „Имаме уште многу работа да направиме. Сакаме поддршка од грчката Влада за да нѐ охрабри на патот по кој сакаме да одиме“, истакна Димитров.

Димитров нагласи дека денешната средба е прва средба. „Не можете да танцувате на првата средба. Потребно е повеќе да се сретнеме“, додаде тој.

Грција е посветена на тоа да го спречи членството на Македонија којашто со еден договор потпишан во 1995 година прифати да влезе во Обединетите нации со името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, во ЕУ и во НАТО. Македонија ја обвинува Грција за прекршување на договорот.

20170614_2_24232239_23151983_Web (Copy)  20170614_2_24232239_23151985_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 + = sixteen

%d bloggers like this: