20170614_2_24232328_23152081_Web (Copy)

(Фото/Видео) Топлотен бран во Ирак: На улиците на Багдад поставени јавни тушеви

БАГДАД (АА) – Топлотен бран го зафати Ирак, a жителите на главниот град Багдад спасот го наоѓаат под тушевите поставени на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).

20170614_2_24232328_23152082_Web (Copy)

Дневните температури повисоки од 50 степени Целзиусови во Багдад ги отежнуваат секојдневните активности на луѓето, а сопствениците на продавниците и на кафулињата на улиците поставија тушеви под коишто минувачите со задоволство се разладуваат и го продолжуваат патот со мокра облека.

„Температурата на воздухот сега е 51 степен. Работиме и постиме, а дополнително проблем ни е постојаната редукција на струјата. Ова е неподносливо. Спас наоѓаме под тушевите на улиците“, вели Багдад Мухсин Aвад.

Топлотниот бран ги зафати и другите ирачки градови, а жителите од јужна Басра и од други места, најчесто се разладуваат во реките.

Од Институтот по метеорологија предупредуваат дека топлотниот бран во овие делови на Ирак може да продолжи до крајот на оваа недела.

20170614_2_24232328_23152070_Web (Copy) 20170614_2_24232328_23152071_Web (Copy) 20170614_2_24232328_23152078_Web (Copy) 20170614_2_24232328_23152080_Web (Copy) 20170614_2_24232328_23152081_Web (Copy)

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = nine

%d bloggers like this: