20170614_2_24235010_23155445_Web (Copy)

Пукотница во Вирџинија: Републиканскиот конгресмен не е животно загрозен, напаѓачот е во притвор

ВАШИНГТОН (АА) – Членот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД од редовите на републиканците, Стив Скалис (51), кој беше ранет во пукотница за време на тренинг на безбол во сојузната држава Вирџија, не е животно загрозен, пренесува Anadolu Agency (AA).

20170614_2_24235010_23155445_Web (Copy)

Пукотницата се случи на терен за безбол во паркот Јуџин стадион Симпсон.

Полицијата во Александрија, каде што се случи нападот, соопшти дека осомничениот напаѓач е во притвор и дека тој не претставува закана.

Помошникот на Скалис соопшти дека американскиот конгресмен од Луизијана е во стабилна состојба и се наоѓа во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.

Американските официјални лица соопштија дека во пукотницата се ранети неколкумина, меѓу кои и член на обезбедувањето на Скалис и двајца полицајци.

Како што пренесуваат американските медиуми, Скалис во моментот на нападот се наоѓал на игралиштето и е ранет во колкот.

Неговиот колега Мајк Бишоп, кој бил во непосредна близина, изјави дека Скалис бил цел на нападот.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека длабоко е ожалостен од веста за пукањето во членовите на американскиот Конгрес.

„Нашите мисли се со членовите на Конгресот, персоналот, полицијата и со сите што се погодени“, се наведува во соопштението на Трамп.

Американскиот претседател подоцна се огласи и на „Twiter“ (Твитер), истакнувајќи дека Скалис е потешко повреден, но дека во потполност ќе закрепне.

20170614_2_24235010_23155442_Web (Copy) 20170614_2_24235010_23155441_Web (Copy) 20170614_2_24235010_23155445_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 3

%d bloggers like this: