20170614_2_24234692_23155022_Web (Copy)

Свеченост на Меѓународниот аеродром Тузла: Слета милионитиот патник

ТУЗЛА (АА) – На Меѓународниот аеродром во Тузла слета милионитиот патник, откако унгарската авиокомпанија „Wizz Air“ (Виз eр) почна да лета од овој аеродром. Милионитата патничка  е девојчето Тамара Мотика од Бјелина, која слета со авионот од Базел, јавува Anadolu Agency (AA).
20170614_2_24234692_23155031_Web (Copy)
„Ми рекоа дека јас сум милионитиот патник и дека ќе добијам награда“, рече Мотика, која како награда доби повратен билет за некоја од дестинациите на коишто од Тузла сообраќа авиокомпанијата, чијашто базата воедно се наоѓа во овој град.
Рифет Карасалиховиќ, генерален директор на Меѓународниот аеродром во Тузла, рече дека секоја година бројот на патниците постојано се зголемува, а тој се мери во десетици илјади.
„Во текот на оваа година имаме 196.000 патници. Денешната свеченост беше организирана по повод доаѓањето на милионитиот патник, што нам на аеродромот и во администрацијата нѐ прави исклучително среќни“, рече Карасалиховиќ на денешната прес-конференција.
Карасалиховиќ истакна дека зголемувањето на бројот на патниците бара дополнителни инвестиции, проширување и реконструкција на аеродромот. Првата фаза од работата треба да започне следниот месец. Целосната инвестиција треба да достигне 6,5 милиони евра, од кои веќе се обезбедени околу 70 проценти.
Сорина Ратз, менаџерка за односи со јавноста на „Wizz Air“ рече дека од 2013 година, од кога компанијата ги извршува операциите од Тузла, постигнати се неверојатни резултати.
„Во моментот сме водечка авиокомпанија во БиХ. Ние нудиме 16 рути од Тузла кон седум земји и една рута што Сараево што го поврзува со Будимпешта, а таа беше лансирана во април“, рече Ратз.
20170614_2_24234692_23155022_Web (Copy) 20170614_2_24234692_23155023_Web (Copy) 20170614_2_24234692_23155024_Web (Copy) 20170614_2_24234692_23155028_Web (Copy) 20170614_2_24234692_23155029_Web (Copy) 20170614_2_24234692_23155030_Web (Copy)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 5

%d bloggers like this: