duraku

Министерот за животна средина Дураку во посета на струшката депонија

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку денеска ќе ја посети Струга, поточно дивата депонија.

Тој одблиску ќе се запознае со состојбата и ќе ги слушне проблемите на стружани.

Деновиве граѓаните на Струга неколку пати излегоа на протестен марш за чист воздух, со цел да го продолжат притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, наоѓање среднорочно и долгорочно решение, како и дислокација на депонијата.

Инаку, за утре е најавен нов протест пред институциите. Утрешниот „Протест за одговорност“ ќе се одржи пред зградите на Општина Струга и Основниот суд. Збирно место ќе биде паркингот пред Центар за управување со кризи во 12 часот.(Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 3 = one

%d bloggers like this: